Дел од јавноста бара МВР да одговара за антиуставно однесување по обвинувањата дека вчера полицијата спречила десетици автобуси и стотици граѓани да дојдат на протестот против промена на името пред Собранието.
“Повик до моите пријатели, да се состави реакција и пријава за неуставното постапување на МВР и нивното спречување на 70тина автобуси од другите градови вчера да пристигнат на мирниот протест пред Собранието.
Со ова најгрубо се крши уставното право на слобода на говор, изразување, здружување и одржување собири.
На 3000 граѓани им беше ускратено правото да го изразат своето незадоволство од политиките на власта, на организаторот му беа направени непродуктивни трошоци, на луѓето им беше залудно потрошено времето. На демократијата и нанесоа уште една црна дамка…”, пишува новинарката Маја Величкова.
Според дел од реакциите на упатени во уставните правила и нивно попречување процедурата вели дека тие што директно биле жртви на полициските треба да поднесат претставка против МВР.
Другото сценарио е организаторите на протестот треба да ги обезбедат сите докази, изјави и материјали од противуставното попречување на слободно движење од страна на МВР.
Овие докази за делото кое не застарува ќе може да се процесира тогаш кога во Македонија ќе се ослободат институциите кои се надлежни за спроведување на законите и санкционирање на противуставно поведение.





