Тим историчари тврдат дека пронашле трагови на изгубената Атлантида, откако биле откриени остатоци од наводно гигантско пристаниште на легендарниот град во водите на јужна Шпанија.



Истражувачите од приватната компанија Merlin Burrows, тврдат дека на сателитстки снимки идентификувале докази дека структурите на локалитетиот биле изградени од жителите на древната Атлантида.

Овој митски град е опишан во списите на Платон кој тврдел дека се наоѓал зад „Херкуловите порти“ (Гиблартар) во Атлантскиот Океан. Грчкиот филозоф пишуваше за софистицирана култура која владеела со големата морска империја, 9.000 години пред новата ера.

Според неговиот опис Атлантида имала огромен ѕид и пристаниште, огромни столбови на влезот, храм посветен на богот Нептун и огромни кружни парчиња земја населени со жителите

Се верува дека Атлантида исчезнала во природна катаклизма, како што е цунами или вулканска ерупција.

Сепак, досега не се пронајдени докази дека Атлантида постоела. Многу теоретичари веруваат дека Платон го измислил градот во контекст на презентирање на неговите филозофски теории.