И покрај обидот на власта да запре дел од автобусите што доаѓаа од внатрешноста и студеното време денеска на половина час пред протестот против промена на името пред Собранието има најмалку десетина илјади луѓе.
Камења да паѓаат ќе дојдев а не снег и дожд, вели еден повозрасен граѓанин кој е дел од премрзнатата но и емотивна маса луѓе дојдени од многу македонски градови и села.






