Илир Мета во Битола по повод 110 години албанска азбука

Албанскиот претседател Илир Мета вчера бил во Битола повод одбележувањето на 110 годишнината од Битолскиот конгрес на кој во 1908 година била стандардизирана албанската азбука.



Тој се сретнал со претставници на Албанцитево Македонија и со министерот за култура, Асеф Адеми, соопшти албанската ТВ „Топ ченл“.

Мета ја посетил  Куќата-Музеј каде се одржал Конгресот и подарил 110 книги за албански деца од градот.

Битолскиот конгрес се одржал од 14 до 22 ноември 1908 година а 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука во Албанија, Косово и Македонија.

За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа откако албанскиот претседател на фејсбук објави фотографии од  посетата, дознава порталот Сакам да кажам.