Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигнува во посета на Германија каде со Ангела Меркел ќе положат венец на церемонијата за одбележување на Денот на сеќавање на жртвите на војните и тиранијата.
По церемонијата со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, Макрон ќе зборува пред германските пратеници што е прво обраќање на француски претседател по Жак Ширак во јуни 2000 година, Јавува АФП.
На втората средба во рок од една недела, (на 11 ноември се сретнаа во Париз на одбележувањето на 100 годишнната од крајот на Првата свестак војна) двајцата веројатно ќе разговараат подетално на идејата за идна европска армија, предлог што го налути Трамп.
Макрон предложи создавање на европска армија како симбол на единствениот континент. Предлогот беше поддржан од Меркел, иако холандскиот премиер Марк Руте во петокот изјави дека Франција и Германија брзаат, велејќи дека безбедноста на континентот може да биде гарантирана само преку НАТО.
Во вторникот американскиот лидер со навредливив твит го „исмеа“ предлогот:
„Каде беше Германија за време на Првата и Втората светска војна? Што се случи со Франција?“ додавајќи дека „ во Париз почнале да учат германски пред да пристигнат САД“, напиша Трамп.




