“Јас знам дека сите се бориме со последни сили, до последна тронка мозочен интелект на човеков да му дадеме подршка, ама изгледа доаѓа моментот кај што не можеме против својот интелект веќе да одиме. Стварно ова ми се коси со сите закони на логично размислување” пишува поддржувач на премиерот Заев кој веќе не може да го брани лидерот на СДСМ.

Поддржувачот на Заев со овие зборови му одговара на адвокатот Александар Тортевски кој по вчерашната изјава на Заев за Груевски за себе смета дека е многу глуп човек.

“После изјавата на Заев дека Грујо може да е киднапиран се оценувам како многу глуп човек кој што нема право во јавност да го кажува своето мислење. Ај здраво”, објави Тортевски.





