Валери Симеонов, потпрестедател на бугарската влада поднесе оставка, објави новинската агенција ФОКУС.
Оставката на Симеонов доаѓа по протестите на мајките на деца со попреченост кои демонстрираа 26 дена, барајќи од вицепремиерот да ја напушти функцијата откако ги нарече „мрзливи жени“ и дека на протестите имало „наводно болни деца“.





