Вистинска бура на „Твитер“ предизвика кусо видео на кое се гледа дека претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер (можеби) се појавил на прес конференција со претседателот на Јужна Африка во чевли – со различна боја.
Во еден момент, откако Јункер го напушта подиумот, се гледа дека неговиот лев чевел е црн,а неговиот десен чевел дека е кафеав.
Ова може да се припише и на оптичка илузија, но на видеото се гледа како му се доближува една службеничка и како, заедно со Јункер, гледаат во неговите чевли по што тој бргу заминува.





