„И јавно го поставувам прашањето – знаејќи вака, како се случувале работите, дали тоа доброволно господинот Груевски ја напуштил Македонија, пред да биде издадена наредбата за негово приведување пред суд или па можеби бил киднапиран.
Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори“, изјави премиерот Заев на денешната прес конференција во врска со нејасните околности под кој експремиерот Никола Груевски ја напуштил Македонијаи заминал во Унгарија каде побарал азил.
Премиерот рече дека ќе биде направено се „господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија“.