Борисов: Груевски ниту барал, ниту добил бугарски пасош

Премиерот Бојко Борисов денеска ги нарече лажна вест, тврдењата на странските медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски има бугарски пасош.



„Ниту барал, ниту му е издаден таков“ рече Борисов по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.

Груевски не е бугарски државјанин и нема издадено бугарски пасош, соопштија претходно од страна на бугарското Министерството за правда.