Советник на Јанева би пратил луѓе да го вознемират Груевски во Будимпешта

Советникот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и адвокат Александар Тортевски на дебата на Телевизија Телма, побара на експремиерот Никола Груевски, кој побегна и побара азил од Унгарија, да му се пратат луѓе во Будимпешта.



Тортевски вели дека ако Македонија е сееиозна држава треба на Груевски да му прати неколку луѓе за да го вознемири.

Според советникот на Јанева Груевски ќе се плашел затоа што пред 5 години на гостување на телевизија се исплашил од пукната сијалица.

Екс претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски оваа изјава на Тортевски ја оценува како скандалозна.