„Податокот за етничка припадност нема никаква употребна вредност, туку само се злоупотребува за политички цели и поради тоа стојам на ставот дека тој не треба да биде дел од пописот“, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.



На предлог од Државниот завод за статистика во нацрт верзијата на законот за попис се бара да нема прашање за етничка и за верска припадност за пописот да се заштити од политизација, туку да има прашање за јазикот, односно за јазикот што вообичаено се зборува во домаќинството и за мајчиниот јазик.

Пописот на населението во Македонија ќе се спроведе во април 2020 година. Планирано е да бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи на осум јазици, при што ќе се користи комбиниран метод: податоци на терен и податоци од регистри, изјави на денешниот брифинг со новинарите

Според Симовски, пописот ќе чини 8,5 милиони евра, од кои 3,5 милиони евра ќе бидат за Пилот пописот што ќе биде спроведен во април 2019 година и за набавка на опрема, а пет милиони евра за лицата што ќе бидат ангажирани за спроведување на пописот во 2020 година.

Пробниот пописот ќе биде спроведен во април 2019 година во 32 пописни подрачја, а ќе бидат опфатени четири пописни кругови во осум региони – во Гостивар, Зелениково, Кисела Вода и во Свети Николе, а ќе опфати 3.000 домаќинства.

Пописот (не) е болна тема