Германски државен министер саркастичен кон Унгарија за Груевски

Михаел Рот, германски државен министер за Европа, со саркастична објава на својот профил на Твитер ја толкува информацијата дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија.



„Унгарија ги отвора своите граници за бегалци. Неверојатно…“, твитна Рот, алудирајќи на антиимигрантската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан.