СЈО бара притвор врз основа на незаконско прислушување од УБК (ФОТО)

Интернет движењето #Бојкотирам објавува документи од кои се гледа дека за двајца обвинети од СЈО е одреден притвор врз основа на незаконско прислушување на Управата за безбедност и контраразузнавање.



Според движењето од документот се гледа дека УБК го прислушувала кабинетот на претседателот Иванов.

“УБК е надлежна да следи комуникации заради заштита на безбедност и одбрана, а не за предмети на СЈО и неписмената со просек 6.24.

Врз основа на незаконско прислушкување од страна на УБК за потребите на СЈО е определен мерка притвор за Миле Јанакиевски и на Кирил Божиновски.

Шлагворт на целава политичка хајка и злоупотреба на управата за државна безбедност за политички цели е и што во документот се признава дека го прислушуваат целиот кабинет на претседателот кој не сакал да даде аболиции.

Што Хунта, што Режим, што Орвел 1984?!”, пишува во својата информација интернет движењето Бојкотирам.

Ова движење в недела во Скопје организира голем протест против промена на името и уставот како и во знак на реакција на низата скандали и антинационални потези на власта.