Груевски побарал статус на азилант, Унгарија прифаќа безбедносни основи

Експремиерот Груевски веќе поднесол барање за добивање статус на бегалец во Унгарија информираат официјални унгарски извори денеска.



Со оглед на тоа што Груевски бил премиер 10 години поради безбедносни причини унгарските власти му дозволиле на експремиерот да поднесе барање за азил до Канцеларијата за имиграција и азил каде што дал изјава.

Согласно изјавата на Груевски, оваа институција ќе спроведе процедура за проценка на основа за добивање азил согласно унгарското и европското законодавство, се вели во информацијата од Будимпешта.

Македонија е стратешки партнер и важен сојузник на Унгарија, а добрата соработка меѓу двете земји е важна основа за развој на Балканот и безбедноста на Европа, сметаат во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан од каде се коментира азилот на Груевски.

Пораката од таму е дека македонската влада и денеска е меѓудржавен партнер на Унгарија и затоа Будимпешта на никој начин не сака да интервенира во внатрешните работи на суверена држава.

За Орбан проценката на барањето за азил на Груевски е исклучиво правно прашање.

За официјална Будимпешта унгарските власти во согласност со унгарските закони нема да дава понатамошни детали за процедурата за азил се до завршување на процедурата.