Граничните служби на Меѓународниот Аеродром Скопје, спречиле лице со фалсификувана патна исправа да ја напушти Македонија.
ТВ Сител, дознава дека денеска во 03.00 часот на граничниот премин за излез од Македонија на аеродромот, при извршена контрола на патната исправа на лицето М.К.Х. (25) од Бугарија, било констатирано дека пасошот е фалсификуван.
Лицето за себе кажало дека се вика И.Т. (23) и дека е од Турција, по што било приведено.





