Алфи го претресуваат генсекот на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва бил претресуван од страна на полициските “Алфи”.



Тој бил легитимиран а неговото возило било претресувано при влезот во партиското седиште.

“Барате докази за полициска опсада, еве ги, и не сум само јас туку и десетици други луѓе.
Сакате да не исплашите, со евидентна полициска опсада сакате да отстапиме, но треба да знаете дека љубовта кон Македонија не може да се скрши.

Ние сме навикнати да се истураат врз нас неправди и притисоци затоа што тоа е во нашиот Македонски ген и тоа не не плаши, туку не прави појаки, посилни, поодлучни во борбата за вистината и нашата земја.
Брзо ќе светне силно денот кога поради вашиот срам ќе се каете, неправдата ќе се соочи со правда, а Македонија ќе победи”, напиша Јанушев вечерва.

Видеото од овој инцидент линк

https://www.facebook.com/i.janusev/videos/342444489847408/