Груевски е петтиот гонет од СЈО и ОЈО што е недостапен

Никола Груевски е петтиот избеган обвинет од Специјалното Јавно Обвинителство и Основното јавно обвинителство последнава година.



Први избегаа разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошковски кои се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. 

По нив извесен период избега и Сеад Кочан кој се врати откако му беше укинат притворот за случајот Труст вреден 17 милиони евра.

Од органите на прогонот избега и газдата на фирмата „Секјуриком“, Австриецот Волфганг Гампер, кому во март му беше одземен пасошот како осомничен за соизвршителство во местење на 11-милионскиот тендер за одржување на Владата.

Дел од новинарите сметаат дека ова не е случајно и бараат одговорност за тоа што исчезнуваат дури и осудени лица.

“Ова што го нема Груевски мене не ми е ни смешно, ни за сеир.

Четврт пат се случува обвинет/осуден за предмет на СЈО да избега.

Или прават циркус без врска или некој сериозно треба да одговара што обвинети и осудени лица мистериозно исчезнуваат.

А сите знаеме дека Груевски сигурно не е дома, гледа вести и чека да му тропнат на врата, не правете будали од нас”, пишува новинарката Мери Јордановска.

Вечерва МВР не може да го пронајде експремиерот Груевски.