По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него.
Во моментот кога ќе биде пронајден, Груевски ќе биде спроведен во истражниот затвор Скопје.





