Алудира ли Чкатроски дека Груевски е во Будимпешта?!

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски денеска објавува адреса во Будимпешта на која индиректно алудира дека е сместен експремиерот Нккола Груевски.



Erzsébet körút 43-49., Budapest, Hungary, 1073

Иако тој не кажува директно дека се работи за адреса на која е сместен Груевски во неколку предходни постови на Фејсбук уверуваше дека експремиерот ќе избега.

Во еден од постовите тој Будимпешта ја дава како конкретна локација каде што Груевски можел да избега.

“Пошто неверојатно ги поминавме изминатите 12-3 години. Ни е потребно следново сега па да бидеме ок..со историја и политика.

Имено Груевски треба да избега во на пример Будимпешта.Таму да си формира Влада како премиер и овие што се пратенициве од Вмро-Дпмне да запалат и тие таму.Да се формира мини парламент во ЕГЗИЛ.

За 2-3 години на Изборите да победат и тој на бел коњ под Триумфална опп ..ЦАР..

100% сум сигурен дека ќе победат на изборите ..гледајќи го квалитетот на присутниве во Македонија”, напиша на Фејсбук добро информираниот Чкатроски кој сепак не тврди директно дека Груевски е избеган.