И Бугарија не го подржува пактот за миграција на ОН

Владата во Софија одлучи да не го подржи Пактот за глобална миграција на ОН, пренесуваат бугарски медиуми.



Претходно, опозициските бугарски социјалисти (БСП) оценија дека потпишувањето на Глобалниот миграционен пакт ќе ја претвори илегалната миграција во правна. Според ВМРО, коалиционен партнер во владата на Борисов,  овој документ е опасен и ќе има катастрофални последици за земјата.

Глобалниот пакт за безбедна, уредна и редовна миграција беше одобрен во јули од сите 193 земји членки на УН, освен САД.

Неодамна австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека земјата ќе ги следи САД и Унгарија и нема да го подржи договорот на Обединетите нации за миграција, загрижена зашто тој ќе ја замагли линијата меѓу, легалната и илегалната миграција.

Австрија не сака мигранти, се повлекува од договорот на ОН