Чија агенда туркаат американските дипломати во Тирана

Се чини дека анти-Трамп левичари, именувани од Барак Обама во Стејт департментот,сé уште се активни во Албанија и по заминувањетон на досегашниот амбасадор Доналд Лу, кој „дејствуваше како цар, поддржувајќи ја социјалистичката влада во насока на Џорџ Сорос, во една од најпроамериканските земји во светот“, пишува коментатор на „wahingtontimes.com“ .



Албанија, членка на НАТО-алијансата, станува стратешки значајна држава бидејќи улогата на Турција како сојузник на САД е доведена во прашање. Сегашната влада е заглавена во трговијата со дрога и криминалот, а левицата во Америка се уште ја поддржува, па дури и затвора очи за нејзиното нелегално однесување.

Да се има нелојални вработени во американската амбасада во Тирана е голем проблем, пишува авторот на мислењето според кој Лејла Мозес, привремениот шеф на амбасадата (додека новиот амбасадор не пристигне подоцна во текот на годината) имала контакти со поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, кој се спротивстави на наводно лажно избраниот претседател, Доналд Трамп.

Шокантно, исто така е што претседателот Трамп ја номинираше Кетлин Кавалец за нов амбасадор во Албанија. Таа беше спомната во неодамнешна истрага како една од вработените во Стејт департментот која била во контакт со Кристофер Стил додека овој се обидувал да направи лажно досие за Трамп со цел да го урне.

Што се однесдува до поранешниот амбасадор Лу, тој се уште „виси“ во Албанија, не се враќа во САД, иако веќе нема официјални должности во Тирана  и откако беше именуван за амбасадор во Киргистан.

Наводно тој го „подготвува“ новиот персонал во американската амбасада, дава инструкции „да се разговара” со социјалистичкиот премиер Еди Рама во Белата куќа, во обид да се зацврсти агендата на Барак Обама во малата балканска земја.

Целта е да се прогласи премиерот на Социјалистичка партија како „голем лидер“ и дека „реформата на правосудството“ која ја наметна екс-амбасадорот Лу била огромен успех, иако  вистинските ефекти од тоа е нација без судови и неконтролиран организиран криминал, заклучува американскиот весник.