ДУИ против укинување на додатокот за трето дете

Предлогот за укинување на помошта за трето детe, најверојатно нема да помине на влада и воопшто нема да стигне до Собрание.



Според Алсат М, од коалициониот партнер ДУИ не се согласуваат со иницијативата на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, за која дознале еден ден пред тој да биде обелоденет.

Албанските опозициски партии го нарекоа предлогот „тенденциозен механизам на владата чија цел е да се спречи зголемувањето на наталитетот кај Албанците“.

Оваа социјална помош ја користат најмалку 13 илјади албански семејства, пишува „Алсат М“.