Нова етничка провокација на боксери Албанци на „Златен гонг“

Продолжува скандалозното однесување на боксерската спортска манифестација „Златен гонг“.



Откако expres.mk вчера објави дека репрезентативците Албанци ја бојкотирале химната, на турнирот се летал албанскиот орел пишува „Спорт1“.

По крајот на финалната борба во категоријата до 64 килограми, во која славеше Диели Враноци од Косово, македонскиот репрезентативец Алим Насуфи му честиташе на противникот со тоа што му подаде рака за заедно да „летаат орли“.

А, при завчерашното свечено отворање на турнирот, при интонирањето на македонската химна, единствени што не станале да ја испочитуваат биле македонските репрезентативци од албанска националност. Сите присутни во салата што биле дојдени од другите земји се чуделе што е работата, но засега нема официјална реакција од организаторот дали ќе ги казни сторителите на двете провокации на етничка основа.