„Фашистичка Бугарија“ влезе во македонскиот устав, Софија вознемирена

Причината поради која бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов е гневен на владата на Заев е влезот на историската синтагма „Фашистичка Бугарија“ во македонскиот устав само една година откако Софија и Скопје се договорија таа да биде избришана од сите јавни македонски документи и Бугарија да не биде поврзувана со фашизмот.



Конкретно Каракачанов е лут на делот од Прогласот на АСНОМ кој е стане дел од Уставот а во кој се зборува за „Бугарски фашиски војски“ како што тогаш се користел зборот фашистички.
За официјалната Бугарска историографија, источнниот сосед никогаш, ниту од 1941 до 1944 не бил окупатор на Македонија туку ослободител на загубени териториии.

Влезот на „Прогласот од АСНОМ“ во кој се зборува за фашистичка Бугарија е директна навреда за историјата, за Бугарија и значи поблекување на Скопје од Договорот за пријателство, вели за expres.mk бугарски научник близок на дел од партиите кои ја составуваат владата во Софија.

Тој вели дека доколку ова прашање стане тема во бугарската јавност може да предизвика сериозни турбуленции во Владата во Софија. Една од опциите е Борисов да реагира кај својот македонски колега Заев да го повлече прогласот од АСНОМ од уставните амандмани, што е малку веројатно затоа што Софија ќе направи се да го испочитува барањето од ЕУ и НАТО да не го урива Преспанскиот договор како важен регионален проект.

Второто сценарио е почеток на турбуленции во бугарската влада каде што Каракачанов се соочува со сериозни обвинувања на корупција при издавање на пасоши за Бугарите во странство.

Доколку се потврдат наодите дека Каракачанов заработувал од издавање на бугарски пасоши тој, прво ќе започне националистичка кампања за македонскиот устав со цел да се прикаже како патриот и да ја дефокусира јавноста од скандалот со пасошите.

Во тој правец можно е Каракачанов да побара ревизија на Договорот за пријателство и да се закани со излегување од владата ако Борисов не реагира каj Заев за вадење на “Фашистичка Бугарија” од македонскиот устав, велат изворите на expres.mk.

Дополнителен проблем за Каракачанов и Борисов кој засега ја спушта топката и не сака од оваа тема да прави конфликт со Заев се извадоци од службениот весник на Македонија од септември 1944 година во кој се зборува за бугарскиот фашизам а кои на социјалните мрежи во Бугарија се користат како да се дел од прогласот на АСНОМ од 2 август.

Во продолжение целиот текст од прогласот од АСНОМ

Иницијалниот текст за тоа како во Софија беше пречекана одлуката во македонскиот устав да биде внесен прогласот од АСНОМ во кој се зборува за бугарскиот фашизам.

Софија бесна на Заев за уставот, Борисов го смирува Каракачанов