Уште еден знак за зголемување на популарноста на екстремната десница низ Европа, е резултатот од анкета за популарноста на партиите во Франција според која националистичката партија  Rassemblement National (RN) на Марин ле Пен го презеде водството пред Движењето La République En Marche! (LREM) на францускиот претседател Емануел Макрон.



Анкетата во пресрет на изборите во Европскиот парламент во 2019 година покажа дека поуларноста на RN се зголемува од 17 проценти на крајот на август порасна на 21 отсто, или 1 процент повеќе од популарноста на партијата на Макрон.

Партијата наЛе пен, заедно RN со другите екстрмно-десничарските партии имаат дури 30 отсто поддршка во јавноста, пишува „Индепендент“.

Анкетата во неделата дава впечатливи докази дека Франција се врти кон екстремната десница, откако Макрон лесно ја победи Ле Пен (лидер на тогашната нејзина партија „Национален фронт“), во вториот круг на гласање на претседателските избори во Франција во 2017 година.

Анкатата дава причини да се верува дека на европските избори ќе се води голема битка помеѓу центристичките, проевропските партии, како што е онаа на Макрон и екстремно десничарски формации кои се противат на имиграцијата и на  глобализацијата.