Министерот за култура Асаф Адеми манипулирал кога се пофалил дека не потрошил ниту денар од владиниот буџет во месец мај, открива порталот сдк.мк.
Проблемот е што Адеми се пофалил дека не трошел државни пари како прв човек во културата за што беше пофален од илјадници луѓе, а во периодот за кој се фали воопшто не бил министер.
Освен ако воопшто не знае дека министер станал дури во јуни а извештајот за трошење е до мај тогаш министерот направил груба манипулација со јавноста.
Неговиот најголем гаф досега е обидот да биде забранет филмот Ругање со Христос на режисерот Јани Бојаџи заради наводно антиалбанство.
Линк до информацијата на СДК.мк




