На социјалните мрежи во Македонија започна кампања во врска со уставните промени на основа на Преспанскиот договор.
Името на кампањата е „Не нарекувај ме 20 % , јас сум Албанец (Албанка)“ и има за цел во промените на уставот да бидат додадени Албанците како официјална етничка деноминација која сега се споменува како население кое што е „над 20 %“.
Кампањата ја водат активисти на БЕСА и Алијанската на Албанците но поддршката има од сите припадници на албанското малцинство во Македонија.
Досега нема официјална поддршка од ДУИ за камапњата иако и нејзини активисти ја поддржуваат.
Со камапњата се бара без исклучок сите албански партии да дадат свој придонес и преку амандмани да предложат формално Собранието да го замени , според нив навредливиот термин „20 %“ кој треба да се замени со конкретно именување на Албанците како етничка заедница со над 20 % од населението.
Во кампањата се бара техничка интервенција и во делот за јазикот. Според кампањата секцијата во која се зборува за „Јазикот кој го говори етничката заедница со над 20 % од популацијата“ треба да се замени со „Албански јазик“.
Извори во Албанскиот блок за expres.mk велат дека ова е последниот компромис кои што планираат да го направат Алијансата за Алабнците и делот од БЕСА кој што не е во владата. И покрај жестокиот притисок од странските фактори да не го бојкотираат донесувањето на новиот устав двете партии инсистираат во промените да бидат вметнати овие барања за кои веќе било разговарано на повеќе форуми и со членови на владината коалиција.




