Владата најави соопштение од фирма со која “нема поврзаност”

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски се најде во непријатна ситуација откако денеска во обид да демантира врска на владата со приватна компанија најави соопштение од истата фирма и практично откри дека тој или други лица во владата контактираат со спорната компанија.



,,Информацијата објавена на порталот Лидер со наслов “Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести!” е целосно неточна и е лажна вест. Премиерот Заев нема никаква поврзаност со компанијата од текстот. Наскоро соопштение од компанијата Секе”, напиша портпаролот на Твитер.

На овој пост Бошњаковски доби прашање како е можно тој да најави соопштение за јавност од фирма со која премиерот и Владата немаат никаква врска.

Бошњаковски се уште не реагирал на индиректното обвинување на активисти на движењето #бојкотирам на Твитер дека владата сепак им поврзаност со фирмата на Савидис.

Изјавата на владиниот портпатол е реакција на информацијата за поврзаност на владата со руско-грчкиот тајкун Савидис кој од Заев беше обвинет дека сакал да го урне договорот со Грција.

Информацијата на лидер.мк