Бришењето на Манифестот на АСНОМ е фалсификување

Oна што претставува „Декларацијата за независност“ од 1776 г. за САД е МАНИФЕСТОТ на АСНОМ и неговите одлуки за македонскиот народ и неговата државотворна основа. Секое посегање кон оваа содржина ќе значи и фалсификување и мистифицирање, вели професорката Наташа Котлар.



Таа цитира дел од словото на Манифестот кој веќе нема да постои како валиден дел од официјалната Македонската историја.

„„… МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ,
Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет и ја прокламира пред целиот свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна. За прв пат после Самоила македонскиот народ ќе се осети во Македонија како во своја куќа; за прв пат тој стана не дребна пара во сметките на грабежливите сили, ами слободен народ, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија…“, пишува во Манифестот на АСНОМ кој практично е избришан од колективната меморија на македонскиот народ.