Полска и Грција бараат 1.000 милијарди евра отштета од Германија

Политичарите од Грција и Полска го предупредија Берлин дека бараат милијарди евра на име репарации за нацистичките злосторства во Втората светска војна. .



Полскиот претседател Анджеј Дуда тврди дека неговата земја никогаш не добила комплетна компензација за германското срамнување на Варшава, пишува Expres.co.uk.

За најголемиот неделен весник во Германија „Билд ам Зонтаг“, претседателот Дуда изјавил дека прашањето за репарации не е затворен предмет.

„Група експерти се занимаваат со ова во полскиот парламент. Пратениците ќе дебатираат и ќе одлучат за следните чекори.

Грција, исто така, работи на сопствените планови да побара компензирање на штетата предизвикана за време на нацистичката окупација на земјата.

Костас Дузинас, пратеник од владејачката партија Сириза, вели дека Атина претходно се воздржувала од оваа тема поради големите финансиски заеми и финансиска помош од ЕУ и Берлин, но сега е подготвена да бара репарација.

Грција (ќе) бара 280 милијарди евра отштета од Германија за Втората светска војна