Поранешни припадници на Ослободителната народна армија (ОНА), кои се жители на општина Сарај, во иднина нема да плаќаат комунални давачки, одлучи денаска Советот на Општина Сарај.
Ова, како што пренесува „Тетова сот”, било предизборно ветување на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.
Со ваквто ослободување оддава почит на „славното националното минато на Албанците во Македонија и се институционализира историското минато на локално ниво”.





