„Јас ги разбирам потребите на луѓето да отворат дебата, да дадат предлози… но на крајот знам дека никој нема право и нема да направи нешто за да ја услови интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ“, вели премиеротЗоран Заев во врска со најавените предлози на партијата БЕСА во расправата за уставните амандмани.
Веројатно нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија, рече премиерот потенциирајќи дека тоа го знаат сите, па ред е и тој да го потврди тоа.
„Парламентот е конечно тој што одлучува. Ние сме само предлагачи“ вели Заев кој очекува сите да се залагаат за градење на „едно општество за сите за што сите се залагаме“ , а не на поинаков да бидат загрозени стратешки определби во самот процес на одлучување.





