На 28.10.2018 година во 14.25 часот било пријавено дека на фудбалското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот, објави МВР во својот билтен за инциденти што се случиле вчера.
МВР објавува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот но не пишува дека против сторителите е поднесена кривична пријава за физички напад или друга соодветна пријава.
За кого се работи expres.mk објави вечерва
Зоран Ногачевски е градоначалникот на СДСМ што вчера предизвикал тежок инцидент





