Ангела Меркел најави повлекување

Ангела Меркел, објави дека нема да бара реизбор за претседател на нејзината  Христијанска демократска унија (ЦДУ) на претстојната партиска конференција на почетокот од декември.



Меркел е на чело на партијата ЦДУ од 2000 година, а нејзиното пензионирање ќе означи почеток на трка  не само за лидерската позиција во партијата, но и за иден канцелар на Германија.

Меркел не најавила дека се повлекува од позицијата германски канцелар, но тоа не ги спречи берзите денеска да ја намалат вредноста на еврото во однос на доларот и други валути.

Меркел одлуката ја донела по двата порази на покраинските избори, од кои вториот вчера во Есен каде ЦДУ и СПД беа казнети од гласачите.

И на федерално ниво владеачката коалиција во Германија се соочува со најнизок рејтинг по ланските парламентарни избори.