Пападакис: А дали Грција ќе побара прошка од Македонците, Власите, Албанците, Евреите…

Новинарот Јоргос Пападакис и пратеник на Европската слобода Алијанса – EFA) во Европскиот парламент од редовите партијата „Виножито“, околу која гравитира македонското малцинство во Грција, денес се огласи по повод најавеното извинување на италијанскиот премиер, Џузепе Матарела, за,со ништо предизвиканата објава на војна од страна на режимот на Бенито Мусолини на денешен ден пред 78 години.



„Ќе побара прошка, вели, италијанскиот претседател за војната што ја прогласи фашистичка Италија во октомври 1940 година по завршувањето на парадата (денес по повод Националниот „Ден Охи“) во Грција, пишува, Пападакис, на неговиот ФБ профил.

„Дали ние некогаш прошка од  Македонците, Турците, Власите, Арванитите, Евреите и многу други, дали некогаш ќе побараме?“ прашува Пападакис.

Италија се извинува на Грција за Втората светска војна