На парадата по повод одбележувањето на „Денот Охи“ во Солун денеска ќе присуствува и претседателот на Италија, Серџо Матарела.
Се очекува тој да се извини пред грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, за објавената војна од страна на Италија пред 78 години и за жртвите на грчкиот народ.
На 28 октомври 1940 година Атина одговара на ултиматумот на Мусолини за слободен влез на италијанските војници во Грција со краткиот одговор „ОХИ“ (Не), по што Грциа вклучи во Втората светска војна.
Грција е единствената земја во Европа која, како национален празник, Денот ОХИ, го слави почетокот, а не крајот на една војна.




