Македонци од цела Егејска Македонија се собраа во леринското село Пателе, преименувано во Агиос Пантелејмон од грчката држава, одржувајќи ја традиционалната македонска вечер, и покрај неуспешниот обид да ја растурат припадници на неонацистичката партија Златна зора.
Медиумската компанија „Рикординг еарт“ (Recording Earth) го овековечи настанот што помина без инциденти, благодарение на засиленото полициско обезбедување.
Селото Пателе се наоѓа 30 километри источно од Лерин и се граничи со селото Горничево на северозапад, со гратчето Сорович на југозапад, со Островско Езеро на запад и со Петарско Езеро на исток.
Пред граѓанската војна во Грција во 1945 година во Пателе живееле 1.750 Македонци, а за време на таа војна селото дало над 140 активни борци во ЕЛАС и во ДАГ, а 40 од нив загинале во борбите, од нив 35 мажи и пет жени. Според пописот од 1991 година бројот на жители на селото паднал на 1.003, што се должи на емигрирањето и на насилната миграција.
https://www.facebook.com/recordingearth/videos/157971005157748/





