Павлопулос чекал да се реши името „според меѓународното право и историјата“

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос одново ја услови поддршката за членство на Македонија во Европска унија и во НАТО, но овој пат не спомна иредентизам, туку „само“ решавање на прашањето за името „во согласност со меѓународното право и со историјата“.



„Ние се стремиме кон срдечни и кон добри меѓусоседски односи и демонстрираме во пракса дека го поддржуваме членството во НАТО и во ЕУ, но прво треба да биде решено прашањето за името согласно меѓународното право и историјата“, изјави тој на настан во Солун.

„Нашиот сосед треба да ги направи неопходните промени во своето законодавство, поточно во Уставот. И тие ја презедоа таа обврска и очекуваме да ја исполнат. Дути откако процесот ќе биде завршен и откако ќе биде утврдено дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе има покана за членство во НАТО и почеток на преговори за присоединување кон ЕУ“, додаде шефот на грчката држава.