Уапсен испраќачот на сомнителни пакети во САД

Едно лице е уапсено во Мајами, Флорида во врска со истрагата за сомнителните пакети кои преку пошта биле испраќани високи политичари, личности и медиуми во САД, соопшти американското министерството за правда,



Оттаму веруваат дека „тој е поединецот кој испратил 12 пакети со експлозив“ до највисоки претставници на демократската партија и до други лица во неколку сојузни држави.

Од понеделник до денес откриени се најмалку 12 сомнителни пратки до лица,  меѓу кои и Барак Обама, Хилари Клинтон, Џорџ Сорос, Џо Бајден, Роберт де Ниро и Си-ен-ен.

Детали за уапсениот се очекува да бидат соопштени за попладневните часови.