Сомнителен „пакет“ стигна и во грчкото МНР

Полиција го евакуираше денеска Министерството за надворешни работи во центарот на Атина, откако е откриен сомнителен пакет стигнат по пошта, изјавија извори.



Единица за отстранување бомби го проверува пакетот, јавува „Катимерини“..

Околу 70 вработени чекаа надвор пред зградата на Министерството, додека не беше соопштено дека „пратката“ била безопасна.