Поранешниот македонски премиер Никола Груевски денеска доби упатен акт за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, според кој мора да се јави во истражниот затвор „Скопје во Шуто Оризари до 8 ноември.
Но, неговите адвокати завчера поднеле барање до Врховен суд за вонредно преиспитување на пресудата, а побарале и одложување на извршувањето на казната.
Апелациски суд неодамна ја потврди пресудата на Основен суд Скопје 1 за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра во предметот на Специјално јавно обвинителство.
Сепак, Груевски може и да не заврши зад решетки ако и во неговиот случај се постапи како во тој на претходникот во премиерската фотелја Владо Бучковски. Врховен суд му го одложи издржувањето на затворската казна за набавката на тенковски делови и по две години од неговото барање му ја укина пресудата и го врати случајот на повторно судење, кое трае и денес.
Но, ако Врховен суд не се произнесе по барањето на Груевски до 8 ноември, почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да замине на издржување на казната.





