На што се смеат Бугарите: Митре од Македонија оди во војна…

Бугарскиот весник „Марица“ објави виц на денот, во кој во главната улога е Митре од Македонија, кој заминува во војна.



„Митре од Македонија оди во војна. Командантот дава наредба:

– Чета, напад, напред против непријателот! Ураа!

Сите стрмоглаво тргнуваат напред, само Митрето се враќа обратно. Командантот го прашува:

– Зошто, бре, Митре се враќаш?

– Го мразам непријателот – одговара тој – не можам да го гледам“.