Шефот на државата да нема право на 2 вето, бара БЕСА

Четири амандмани на Уставот ќе поднесе движењето БЕСА на Биљал Касами со кои се бара концепт на граѓанска држава, албанскиот да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, а претседателот на државата, по второ гласање на закон или друг акт во Собранието, да нема право на вето, како што беше случај со законот за употреба на јазиците.



Пратеникот Фадил Зендели ги отфрла наводите дека со ова ќе ја условуваат владата во следните фази од носење на уставните измени, „бидејќи условувањето не е филозофија на нивната партија“, пренесува „Сител“.

Во дел од медиумите се појавија шпекулации дека Беса и Алијанса на Албанците, со нивните 4 пратеници, го доведуваат под знак прашање 2/3 мнозинство од 80 пратеници во парлементот за клучното гласање за уставните промени кои се услов за преспанскиот договор.