Русија ќе биде принудена да реагира реципрочно ако САД испорачаат проектили од среден дострел во Европа, предупреди рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Џузупе Конте.



„Секако, најглавно прашање е: ако САД го напуштат Договорот за ликвидирање на ракетите со среден и мал дострел, што ќе направат со овие проектили. Ако бидат доставени во Европа, сосема природно е ние да одговориме реципрочно“, вели првиот човек на Кремљ.

Рускиот претседател, исто така, истакна дека “европските земји кои се согласуваат со распоредувањето на ракети со среден и мал дострел на своја територија, доколку дојде до тоа, треба да знаат дека ги ставаат своите сопствени интереси под закана од можен ракетен напад, ” .

” Не разбирам дали треба да ја доведеме Европа во состојба на толку висок степен на опасност“ вели Путин според кој, најавата на Доналд Трамп дека се откажува од Договорот за контрола на вооружувањето, клучниот документ по Студената војна, ќе доведе до нова трка во вооружување.