Екс-грчки министер со сопругата притворен за перење пари

Јанос Папандониу, поранешен грчки министер за одбрана  и неговата сопруга Ставрула Кураку се притворени поради перење пари.



Тој ги негираше обвиненијата според кои „испрал“ околу 2,8 швајцарски франци од мито од договорот за надградба на шест фрегати на грчката морнарица, што беше потпишан во 2003 година за време на неговиот мандат на чело на Министерството за одбрана.

Папандониу(69),  беше министер за одбрана (2001-2004)  во владата на ПАСОК.

Проценките, се дека со перењето пари, брачната двојка Папандониу – Кураку, направила штета на државата во висина од околу 400 милиони евра.