Пратеникот на ГРОМ најави дека ќе ја напушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доколку се потврди дека од партијата синоќа бикле разрешени потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК Костадин Богданов.
„Доколку е точна информацијата, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствувам само како пратеник на ГРОМ се додека Христијан Мицкоски е претседател на паријата“, изјави Минов во емисијата Тренд анализа на ТВ 24 Вести.





