Лук Кофи од американската конзервативна фондација „Херитиџ“ го критикува односот на трансатлантските елити кон чувствителните прашања, како што е тоа за Македонија и нејзиното зачленување во НАТО, барајќи поголема софистицираност.
„Ја сакам Македонија во НАТО повеќе од кој и да е, но тоа што се случува таму и непристојниот одговор од трансатлантските елити го засадува семето на идното незадоволство. Време е да бидеме малку пософистицирани во тоа како се однесуваме кон геополитички чувствителни прашања како што е ова“, напиша на Твитер директорот на Центар за надворешна политика на „Херитиџ“.





