Коѕијас: Уште Грција да ги прошири територијалните води

Екс-министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој поднесе оставка по судирот со министерот за одбрана, Панос Каменос, во саботата ја објави последната политичка одлука: дека Грција е подготвена да ги прошири своите територијални води од 6 на 12 наутички милји во Јонското Море со што ќе го затвори  разграничувањето на ексклузивните економски зони на Италија и Албанија.



За Неа демократија, ова е доказ дека владата не е сериозна.

„Многу важна објава за надворешната политика на земјата, како што е селективното проширување на нејзините територијални води, се врши на церемонијата за примопредавање во Министерството за надворешни работи“, изјави министерот за надворешни работи „во сенка“ на Неа демократија, Јоргос Кумуцакос, според кој „ова уште еднаш го потврдува [владиниот] недостиг на сериозност и чувство на одговорност“, додаде тој.

Кумуцакос уште додаде дека министерот Коѕијас биде запаметен поради „штетниот“ договор од Преспа и дадената „концесија“ на македонската етничка припадност и јазик”на ПЈРМ.

Албанија на Грција ќе ѝ отстапи дел од море