Џејмс Петифер, професор по балканска историја на колеџот „Сент Крос“ од Оксфорд, коментирајќи ги синоќешните случувања во македонското Собрание, констатира дека ВМРО-ДПМНЕ сега може да игра на картата на граѓанска непослушност.
„Тешки времиња за демократијата во Скопје. Но, има многу идни битки за водење, ова е една во долгата војна. Заплашувањето од меѓународната заедница ќе има цена, ВМРО може да ги разгледа можностите за граѓанска непослушност сега“, напиша Петифер на својот профил на Твитер како реакција на твитот на поранешната македонска министерка за култура Ганка Цветанова: „Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се соочуваат со невиден терор, закани и уцени за да гласаат за уставните амандмани, како што е предвидено во Преспански договор, кој, од друга страна, беше одбиен од граѓаните на Република Македонија“.





